Фудбалската репрезентација на Германија се подготвува за старт на новото издание на Лигата на нации, а натпреварувањето ќе го отвори в четврток со дуел против Шпанија на „Мерцедес-Бенз Арена“ во Штутгарт. Селекторот Јоаким Лев не дава „пиле да прелета“ кај фудбалерите и бара од комплетниот персонал во хотелот да бидат оддалечени најмалку пет метри од репрезентативците. Истата „наредба“ ја добиле и вработените на стадионот каде се одвиваат тренинзите на „панцирите“.
Јоаким Лев се одлучи за значително подладување на селекцијата, а единствен кој се жали на повреда е Нико Шулц. Германците по дуелот со „црвената фурија“ патуваат за Швајцарија каде на 6.септември ќе го одиграт мечот од второто коло во Лигата на нации.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА