Македонија в недела во Кожани ја очекува квалификациската пресметка против Грција. По триумфот над Турција, сосема е јасно дека македонската ракометна јавност од Раул Гонзалес и неговите избраници очекува нова победа, и против јужниот сосед.
Но, и од грчкиот табор полни оптимизам најавуваат дека се подготвени за надигрување со, како што велат, фаворитот…
„Мечот со Исланд го оставаме зад нас. Од поразот научивме некои нешта и верувам дека ќе ги поправиме грешките во пресметката со БЈРМ. Сега играме на домашен терен, во еден навистина гостопримлив град и верувам дека ќе се чувствуваме убаво. Ние не се плашиме од противникот во недела, иако јасно е дека тие според ракометниот рејтинг се фаворити. Ќе се подготвиме на најдобар можен начин за да дојдеме до бодови. Мора да дадеме 100% од силите ако сакаме успех во недела“ – вели десното крило на грчката репрезентација, ракометарот на француски Гренобл, Григориј Јоану.
Грците денеска ги почнаа тренинзите во Кожани каде ќе се работи и во текот на утрешниот ден се до неделната пресметка која почнува од 18 часот по македонско време.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА