Чуварот на мрежата на шведскиот шампион Малме, Јохан Виланд оптимистички е расположен пред денешниот прв натпревар од 2. квалификациско коло за ЛШ против Вардар кој се игра на „Сведбанк“ арената во Малме од 19 часот.
Виланд смета дека неговиот тим има големи шанси за пласман во следната рунда натпревари во Европа, само да не се дозволи погодок на Вардар на првиот дуел во Малме.
„Според мене најважно ќе биде да ја зачуваме нашата мрежа недопрена на првиот натпревар пред нашите навивачи. А, сигурен сум дека ќе постигнеме гол. Но, убаво би било без примен гол да патуваме на реваншот во Македонија. Потоа ќе биде многу полесно“ – вели Виланд, притоа потенцирајќи дека во никој случај на смее да се потцени македонскиот тим.
„Нам ни е доверена улогата на фаворити, но Вардар воопшто не е наивен противник. Треба да одиграме максимално концентрирано во текот на сите 180 минути. Во секој случај, очекувам патникот за следното квалификациско коло да биде одлучен по двете средби“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА