Норвешкиот биатлонец Јоханес Тингнес Бо објави дека ќе ја заврши кариерата по Олимписките игри во 2026 година.
Бо е петкратен победник на Светскиот куп. во сезоните 2018/2019, 2019/2020, 2020/2021, 2022/2023 и 2023/2024. Со 85 победи е втор во историјата во Светскиот куп по поединечни победи, освои осум олимписки медали од кои пет златни, како и 38 медали на СП од кои 20 златни.
„Дали имам пет, шест или седум глобуси или 85, 90 или 100 победи, нема да биде важно. Датумот е одреден“, изјави Бо за норвешките медиуми.
Зимските олимписки игри ќе се одржат од 6. до 22. февруари 2026 година во Милано и Кортина Д’aмпецо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА