Норвешкиот ски скокач Роберт Јохансон е победник и на првото индивидуално натпреварување од „Raw air“ турнејата во Светскиот куп во ски-скокови која се одржуваше на 134 метарската скокалница во Осло. Toj до победата стигна со скокови од 127 метри во првата и од 129.5 метри во втората серија. Второто место го зазема Австриецот Штефан Крафт додека третопласиран беше словенечкиот скокач Петер Превц.
Во генералниот пласман на норвешката турнеја врвот го држи Роберт Јохансон, додека во генералниот пласман Јапонецот Ријо Кобајаши е лидер со 500 бода повеќе од второпласираниот Полјак Камил Штох.
Следното натпреварување во Светскиот куп во ски – скокови е закажано за утре, на 140 метарската скокалница во Лилехамер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА