Јохансон: Против Македонија одигравме на повисоко ниво од мечот со Романија

Женската ракометна репрезентација на Македонија го доживеа и вториот пораз на Европското првенство откако во 2. коло од групата Ц загубија од Холандија со 15-30.

Селекторот на Холандија Пер Андерс Јохансон по мечот вели дека смета дека одиграле подобро од првиот меч против Романија.

„Честитки до Македонија за играта. Иако бевме фаворити добро се подготивме бидејќи Македонија знае да изненади. Задоволен сум како изигравме на стартот во одбраната и сметам дека одигравме подобар натпревар од првиот дуел на Европското со Романија“, изјави Јохансон. 

Слично размислува и ракометарката на Холандија, Деби Бонт …

„Одигравме добар натпревар и среќни сме што се пласиравме во следната фаза“, 

Се вчитува...