Јокиќ беше одличен но наиде на жестоки критики, Стеф Кари со најлошата партија во кариерата (ВИДЕО)

Никола Јокиќ имаше уште едно одлично издание, но наиде на жестоки критики од навивачите на Денвер по поразот кај Портланд од 126-124.

Јокиќ не одигра добра одбрана при последниот напад на домашните во кој Енферни Сајмонс лесно положи со звукот на сирената за победа. Претходно, на 17 секунди пред крајот, Јокиќ го израмни резултатот, но Портланд имаше време да организира последен напад и дојде до трумфот.

Јокиќ го заврши натпреварот со 34 поени и одличен шут од игра (13/18), а имаше помош и од Мареј кој реализира 24 поени и 10 асистенции. На спротивната страна Сајмонс запиша 28 поени и 10 асистенции.

Голден Стејт Вориорс беа поразени во Мемфис од Гризлис со 93-144 во, веројатно, еден од најлошите натпревари во кариерата на Стеф Кари. Поразот од 51 поен е најголем во НБА сезонава, како и негативата од 57 поени што Вориорс ја имаа во последната четвртина.

За 24 минути во игра Кари не реализираше поен од поле и го заврши натпреварот со само два поени од линијата за слободни фрлања.

Од другите натпревари, за издвојување е ефектот на Виктор Вембанјама кој во победата против Атланта со 133-126 постигна 42 поена, како и поразот на Бостон на домашен терен од Чикаго со 108-117.

Јута, пак, славеше со 119-126 на гостувањето против Детроит, а Бруклин го победи Торонто со 94-101. ЛА Лејкерс славеа на гостувањето против Сакраменто со 100-113.

Се вчитува...