Јокиќ бил блиску до заминување од Денвер, нема да погодите кој ќе бил вклучен во трејдот

Никола Јокиќ, за многумина најдобриот кошаркар на светот кој го одбележува последните години во НБА лигата во 2016 година бил блиску до заминување на Денвер и тоа во трејд во Лос Анџелес Клиперс.

Пред речиси десет години српскиот кошаркар важеше за талентиран центар, но ретко кој можеше да заклучи дека ќе прерасне во играч од МВП калибар кој ќе го води тимот од Колорадо до титула.

Новинарот Крис Брусар во 2016 година пренесе информација дека Денвер и ЛА Клиперс ќе реализираат трејд кој Јокиќ, Вил Бартон, Данило Галинари и Кенет Фарид би ги испратил во Лос Анџелес, а на спротивната страна би заминале Блејк Грифин и Ленс Стивенсон.

Официјална информација зошто пропаднал трејдот нема, но се верува дека „вето“ ставил тогашниот тренер на ЛА Клиперс, Док Риверс кој не сакал да остане без својата суперѕвезда.

Се вчитува...