Јокиќ блиску до нов трипл-дабл во победата над Бостон, Букер броеше до 52

Денвер ја забележа 29 победа во НБА лигата откако изминатата вечер славеше со 100-102 на гостувањето кај Бостон во драматична завршница во која Џејсон Тејтум пропушти шанса да донесе продолжение со обид во завршните секунди.

Никола Јокиќ одигра нов натпревар во кој беше блиску до трипл-дабл учиник проследен со 34 поени, 12 скокови и 9 асистенции, додека на спротивната страна Дерик Вајт постигна 24 поени и 5 асистенции.

На гостински триумф се радуваше и Феникс кој славеше со убедливи 109-123 на гостувањето кај Њу Орлеанс. До триумф тимот од Аризона го предводеше Девин Букер со 52 поени, 5 асистенции и 4 скокови. Вилијамсон со 24 поени беше најрасположен кај Пеликанс.

Во останатите натпревари:

Шарлот – Сан Антонио 124-120
Орландо – Филаделфија 109-124
Мајами – Аталнта 108-109
Портланд – Индијана 118-115
Лос Анџелес Лејкерс – Бруклин 112-130

Се вчитува...