Никола Јокиќ не се прослави на паркетот, но надвор од теренот им приреди на кошаркарските фанови незаборавно шоу за време на НБА Ол-стар натпреварот.
Никола го искористи викендот во Лос Анџелес за одлично да се забавува. „Се шегуваше“ со Дончиќ на секој чекор и ги воодушевуваше новинарите со своите духовити изјави.
Кога го прашаа дали ќе плаче кога Леброн Џејмс ќе се пензионира тој како од топ одговори…
„Не. Немам такви емоции. Не знам кога плачев последен пат, да бидам искрен… Веројатно кога мојот коњ победи во трка“, изјави Јокиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

