Јокиќ доби син, па блесна со „трипл-дабл“ и на крај го бркаше судијата по терен (ВИДЕО)

Се врати Никола Јокиќ на терените во НБА лигата, откако ги пропушти претходните три меча затоа што беше со својата сопруга Наталија која токму пред синоќешниот натпревар се породи и му подари син на најдобриот српски кошаркар. По ќерката Огњена, сега Никола и Наталија добија момче.

Па, синоќа Јокиќ се врати на паркетот со „трипл-дабл“ во поразот од 123-120, на свој терен од Далас во чии редови, поради повреда, го немаше Лука Дончиќ.

Јокиќ мечот го заврши со 33 поени, 17 скока и десет асистенции. Во драматична завршница на седум секунди пред крајот Србинот го бркаше и судијата по паркетот, при резултат 119-118 за Далас и ситуација гостите да имаат две слободни фрлања. Џамал Мареј претходно постигна тројка за -1, а во таа прилика Дерек Лајвли со раце го оттурна Јокиќ зад грб фрлајќи го на паркет. Србинот веруваше дека тој потег на кошаркарот на Далас треба да биде санкциониран, т.е Далас да добие прекршок во напад, но тоа не се случи.

ЛА Клиперс, пак, продолжуваат со победничка серија откако славеа против Сакраменто со 104-88. Домантас Сабонис имаше одличен учинок од 24 поени и 17 скока. Бостон славеше на гостувањето против Вашингтон со 96-108, а Милвоки ја победи Индијана со 129-117.

Се вчитува...