Стручниот штаб на Денвер Нагетс е збогатен во името на Марко Скоко, српскиот тенер кој преку летниот камп се избори за договор од страна на НБА франшизата.
Скоко е поранешна голема надеж на српската кошарка која не успеа да го оствари својот потенцијал првенствено поради повредите и долгото отстуство од терените.
Скоко е второто тренерско име во редовите на Денвер. Во тимот од Колорадо веќе подолго време е Огњен Стојаковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

