По освојувањето на шампионската титула Денвер не успеа да го задржи шампионскиот сјај. Претходната сезона тимот од Колорадо беше запрен во конференциското полувреме, а оваа сезона мака мачи речиси на секој натпревар.
Тоа го активираше алармот кај раководството на клубот кое сега е подготвено за промени па така Јокиќ наскоро би можел да добие суперѕвезда како помош.
Станува збор за Брендон Инграм, кошаркарот на Њу Орлеанс кој е пред заминување од тимот кој не успеа во својот проект за „ребилдинг“. 27-годишното крило се очекува да пристигне во Денвер, а во спротивен правец да замине Мајкл Портер Џуниор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА