Јокиќ донесе триумф за Денвер, нов пораз за Милвоки

Кошаркарите на Денвер нагетс стигнаа до третата победа сезонава во НБА лигата откако синоќа на домашен терен славеа над Југа џез со 129-103.

Повгорно прво име во таборот на победникот беше Никола Јокиќ кој мечот го заврши со 27 поени 16 скока и 9 асистенции. Кај поразените најефикасен беше Кеслер со 18 поени.

Милвоки бакс доживеа нов пораз откако на домашен терен загуби од Кливленд кавалирс со 113-114. Мичел со 30 поени беше најефикасен кај победникот, додека кај поразените залуден беше 41 поен на Лилард.

Во останатите мечеви од синоќешната програма: Шарлот – Бостон 103-113, Филаделфија – Мемфис 107-124, Торонто – Сакраменто 131-128, Хјустон – Голден Стејт 121-127, Сан Антонио – Минесота 113-103, Вашингтон – Мајами 98-118, Феникс – Портланд 103 – 97 и ЛА Клиперс – Оклахома 92-105.

Се вчитува...