Јокиќ дополнително ја збесна српската јавност: Си приредува фешти за коњите, националниот тим ни на „крај памет“ (ВИДЕО)

Еден од најдобрите кошаркари во НБА лигата во моментов, Никола Јокиќ информираше дека нема да игра за репрезентацијата на Србија на престојниот Мундобаскет, што предизвика бура реакции во српската јавност.

Но, тоа што збеснаа српските навивачи воопшто не го оптоварува Никола Јокиќ кој и натаму си е опседнат со своите коњи.

Јокиќ приреди вистинска фешта по победата на неговите коњи на една од трките на кои се ангажирани ова лето. Српскиот центар си приреди шампионско славје додека кошаркарската јавност во неговата земја се уште не може да ја разбере одлуката за „бегство од репрезентацијата“…

Се вчитува...