Јокиќ доволен за победа на Денвер, Лејкерс победува и без Дончиќ (ВИДЕО)

Кошаркарите на Денвер нагетс се вратија на победите во НБА лигата откако синоќа ја оправдаа фаворитската улога на домашен терен против Сакраменто кингс славејќи со 130-124.

Повторно најдобар поединец во таборот на тимот од Колорадо беше Никола Јокиќ кој мечот го заврши со 34 поени, седум скока и 14 асистенции. Кај поразените Расел Вестбрук постигна 26 поени.

Ла лејкерс победува и без Лука Дончиќ откако славеше на гостувањето кај Портланд со 115-123. Деандре Ејтон со 29 поени беше прво име кај победникот, додека кај порезените недоволни беа 33 поени на Дени Авдија.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Бруклин – Минесота 109 – 125, Индијана – Милвоки  115-117, Бостон – Јута 103-105, Њујорк – Вашингтон 119-102, Хјустон – Далас 110-102, Мемфис – Детроит 106-114 и ЛА клиперс – Мајами 119-120.

Се вчитува...