Јокиќ доволен за победа на Денвер, супер-пресврт на Минесота против Оклахома (ВИДЕО)

Кошаркарите на Денвер нагетс се вратија на победите во НБА лигата откако синоќа без поголеми проблеми славеа на гостувањето кај Индијана пејсерс со 116-125.

Повторно прво име во таборот на победникот беше Никола Јокиќ кој мечот го заврши со 18 поени, надополнети со неверојатни 19 асистенции и девет скока. Кај поразените Мајлс Тарнер уфрли 23 поени.

Минесота тимбервулвс стигна до голема победа на гостински терен против Оклахома сити тандер по продолженија 128-131. Вулвс успеаја да стигнат до триумф иако на само три и пол минути до крајот на регуларниот дел имаа негатива од шеснаесет поени. Прво успеаја да го одведат мечот во продолженија, а потоа и да слават со 128-131. Џејден Мекдениелс со 27 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените недоволни беа 39 поени на Шаи Гилџс-Александер.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Вашингтон – Бруклин 107-99, Филаделфија – Чикаго 110-142, Детроит – ЛА Клиперс 106-97, Атланта – Мајами 98-86, Јута – Портланд 112-114 и Сакраменто – Шарлот 130-88.

Се вчитува...