Никола Јокиќ со кош буквално во последната секунда му донесе победа на Денвер над Далас од 100-99. Српскиот центар немаше славно издние, средбата ја заврши со само 11 поени, но беше прецизен во клучните моменти. Претходно Лука Дончиќ изведе спектaкуларно забивање и тоа под фаул и беше многу блиску да му го донесе на Далас првиот триумф во март. Но, следуваат поените на Јокиќ и нескриените шок и разочарување кај дебитантот во Лигата. Словенецот средбата ја заврши со 24 поени и беше прв стрелец во неговиот тим. Во победничкот табор, Пол Мислап имаше најмногу поени, 33.
За Далас ова беше дури 41 пораз сезонава, има 27 победи и со овој биланс е само претпоследен во Западната конференција во која Денвер е на втората позиција со ефект од 45/22
LUKA DONCIC HOW DARE YOU! ?#MFFL pic.twitter.com/xJXIQMwaBQ
— NBA on TNT (@NBAonTNT) March 15, 2019
Оклахома падна на петтата позиција на Запад откако претрпе пораз од 108-106, Јута славеше над Минесота со 120-100 и дојде до биланс од 39/29 колку што има и Сан Антонио. Торонто без поголеми проблеми со 111-98 го победи Лос Анџелес Лејкерс. Каваи Ленард го предводеше канадскиот тим со 25 поени, Леброн Џејмс беше прв стрелец кај „лејкерс“ со 29 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

