Никола Јокиќ ја предводеше Србија до третата победа во низа на Евробаскет 2025 откако нашиот северен славеше на дуелот во Рига против домашната селекција на Летонија со резултат 84-80. Србите долго имаа контрола над мечот, но потоа со пад на концентрацијата во финишт му дозволија на домашниот состав да се врати. Сепак, Јокиќ имаше мирна рака во финишот, Србите одиграа и добра одбрана кога беше најважно и стигнаа до победата.
Голем дел од првото полувреме мина во израмнета игра, Летонците ги служеше шутот од далечина, па на одмор се замина со само четири поени предност за Србија (42-38). Србите потоа се одлепија во третиот период и одржуваа удобно водство се до три минути до крајот, кога имаа „плус десет“ (79-69). Тогаш Летонците повторно влегоа во шутерски ритам, дојдоа на само два поени негатива, но Јокиќ од линијата за слободни фрлања стави печат на победата.
Центарот на Денвер одигра меч за паметење реализирајќи 39 поени, 10 скокови и четири асистенции, Петрушев постигна 12, а Гудуриќ 11 поени за Србија, додека најефикасни кај Летонија беа Бертанс со 16 и Порзингис со 14 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

