Никола Јокиќ продолжува да ги поместува границите на „нормалното“ во НБА-лигата откако српскиот центар одигра уште еден импресивен меч, стигнувајќи до втор фантастичен трипл-дабл за само 24 часа во најсилната лига на светот.
Денвер го совлада Далас со 142-135, а Јокиќ повторно беше незапирлив, за 38 минути на теренот стигнувајќи до 23 поени, 21 скок и 19 асистенции. Најефикаен беше неговиот соиграч Џамал Мареј, кој броеше до 53 поени, само поени од неговиот личен рекорд.
Во топ-форма се наоѓа и Лука Дончиќ, кој го предводеше тимот на ЛА Лејкерс до триумф во Индијанаполис од 130-137. Словенецот повторно беше во топ-ритам, незапирлив за противниците, завршувајќи го мечот со 43 поени и 7 асистенции, задржувајќи го тимот на ЛА Лејкерс на третото место во Западната конференција, токму пред Јокиќ и Денвер на четвртата позиција.
Шампионот Оклахома Сити беше запрен на гостувањето против Бостон (119-109), Браун беше прв стрелец на домаќините со 31 поен, додека Тејтум стигна до дабл-дабл од 19 поени и 12 скокови.
Резултати НБА:
Детроит – Атланта 129-130 (по прод.), Индијана – ЛА Лејкерс 130-137, Филаделфија – Чикаго 157-137, Бостон – Оклахома 119-109, Кливленд – Мајами 103-120, Мемфис – Сан Антонио 98-123, Јута – Вашингтон 110-133, Минесота – Хјустон 110-108 (по прод.), Денвер – Далас 142-135, Голден Стејт – Бруклин 109-106, Портланд – Милвоки 130-99, ЛА Клиперс – Торонто 119-94.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

