Јокиќ е феномен, последното видео го докажува тоа

Никола Јокиќ со години наназад е кошаркарски феномен, но српскиот центар покажува дека исто така е и медицински феномен по извонредната брзина на рехабилитација неколку дена по тешката повреда на коленото.

Првите стравувања беа дека Јокиќ ќе паузира цела сезона, деталните прегледи најавија пауза од најмалку еден месец, но последното видео најавува дека Србинот би можел уште побрзо да се врати на терените.

Имено, Јокиќ со Кристијан Браун пристигна во салата за мечот против Кливленд движејќи се речиси нормално, без никакви помагала, што го крена оптимизмот меѓу фановите на Денвер дека најдобриот кошаркари порано од прогнозите ќе се врати во тимот.

„Очекувано, во Денвер будно ја следат рехабилитацијата на Јокиќ и можам да кажам дека се пријатно изненадени од начинот на кој тој се движи нецела недела по повредата. Впрочем, Јокиќ реши да патува со тимот во Кливленд, не се влече со ногата туку оди речиси нормално. Користи собен велосипед, работи со медицинскиот персонал, без проблеми се качува по скали…. Сите се охрабрени, по почетниот страв, дека се ќе биде во најдобар ред и веруваат дека Јокиќ би можел да се врати и пред оние четири седмици пауза што беа најавени како најдобро сценарио“, обелодени новинарката Кесиди Хабарт повикувајќи се на извори од тимот на Денвер нагетс.

Се вчитува...