„Јокиќ е најдобриот кошаркар во историјата по Мајкл Џордан“

Сопственикот на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос вели дека Никола Јокиќ е во моментов најдобриот кошаркар на светот, без конкуренција.

Јанакопулос, кој е познат по искреното размислување, го избра Јокиќ пред сонародникот Јанис Антетукомбо како најдобар кошаркар на денешницата.

Гркот во објава на Инстаграм истакна дека Јокиќ е најдобар кошаркар во историјата, веднаш по Мајкл Џордан.

„Никола Јокиќ е најдобриот играч по Мајкл Џордан“ – напиша Јанакопулос.

Се вчитува...