Јокиќ ефект: Србија е прв фаворит за освојување на Евробаскетот

Никола Јокиќ по неколку годиншната пауза се враќа во репрезентацијата на Србија за престојниот Евробаскет кој ќе се одржи од 1. до 18. септември во Чешка, Грузија, Германија и Италија.

А, со прифаќање на повикот на двократниот МВП на НБА лигата репрезентацијата на нашиот сосед се искачи и на првото место како фаворит за освојување на континенталниот собир.

Селекторот Светислав Пешиќ ќе има респектабилен состав од кој ќе недостасува Богдан Богдановиќ, но искусниот стратег ќе може да смета на услугите на двократниот МВП на Евролигата Василије Мициќ и доскорешниот МВП на Еврокупот Милош Теодосиќ.

Реномираните кладилници нудат квота 4 за „Орлите, а зад нив се наоѓаат: Франција (5.5), Грција (6), Словенија (6.5) и Шпанија (10). Интересно, Хрватска која најавува силен состав со НБА ѕвезди е на 10. место со квота 21.

Се вчитува...