Неверојатниот Денвер во седмиот натпревар од полуфиналето на Западната конференција сосема неочекувано ги „уништи“ ЛА Клиперс и на тој начин стана првата екипа во историјата која двапати по ред успеала да пресврт од 1-3.
Извонреден повторно беше Никола Јокиќ со „трипл-дабл“ од 16 поени, 22 скока и 13 асистенции, сега комплетно освојувајќи ги американските медиуми кои го издвојуваат како „најдобриот центар додавач во историјата на НБА“.
„Пред натпреварот си помислив дека оваа екипа ќе ја паметам засекогаш во животот, без разлика што ќе направиме вечерва. За некои играчи ова е последна година со нас. Може да кажам дека ова е навистина посебна екипа. Се бориме како лавови на паркетот. Никој не мислеше дека можеме до тука, никој не веруваше дека ќе победиме. Многумина не не сакаа тука во плеј-офот, и во финалето. Но, кој ги прашува. Сите мислеа дека веќе сме ги спакувале коферите по онаа негатива од 1-3 во серијата. Но, зошто да се пакуваме кога не планираме никаде да одиме. Сега не чекаат ЛА Лејкерс и може да ветам само дека повторно добро ќе се забавуваме“ – истакна Јокиќ по синоќешната победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА