Никола Јокиќ и неговиот Денвер се радуваа на нова победа во НБА лигата, овој пат од 131-114 против Детроит во натпревар во кој српскиот центар забележа неверојатна статистика постигнувајќи само четири поени (2/3 во обидите од игра), 7 скокови и 16 асистенции.
Одлична вечер е и зад Лука Дончиќ кој со 34 поени, 8 асистенции и 6 скокови беше еден од лидерите на Далас во победата над Минесота од 115-108.
Битката за Лос Анџелес им припадна на Лејкерс кои славеа со 106-103 против Клиперс. Леброн Џејмс ги предводеше домаќините со 25 поени, 8 скокови и 7 асистенции, додека прво име кај Клиперс беше Зубац со дабл-дабл учиник од 22 поени и 19 скокови.
Во останатите натпревари:
Кливленд – Сан Антонио 117-115
Бруклин – Портланд 127-134
Орландо – Атланта 117-110
Сакраменто – Њу Орлеанс 100-133
Феникс – Мемфис 115-121
Голден Стејт – Торонто 118-133
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

