Јокиќ ги реши Вориорс, Филаделфија подобра од Мајами (ВИДЕО)

Никола Јокиќ одигра уште една неверојатна партија во победата на Денвер Нагетс над Голден Стејт Вориорс од 114-104. Србинот го заврши натпреварот со уште еден трипл-дабл сезонава забележувајќи 23 поени, 14 скока и 10 асистенции. Кај Вориорс најдобар беше Стеф Кари со 35 поени.

Во дербито на истокот Филаделфија 76 на томашен терен славеше над Мајами Хит со 125-108. Шејк Милтон со 31 поен беше прво име во победничкиот табор, додека кај гостите Данкан Робинсон  уфрли 22.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда, Торонто – Шарлот 111-108, Сан Антонио – Хјустон 105-109 и Портланд – Индијана 87-111.

Се вчитува...