Јокиќ го доби мега дуелот со Вемби (ВИДЕО)

Кошаркарите на Денвер нагетс забележаа голема победа во борбата за што подобра позиција во западната конференција откако во дербито на ноќта по продолженија славеа над Сан Антонио спурс со 136-134.

Никола Јокиќ имаше неверојатна партија завршувајќи го мечот со 40 поени надополнети со осум скока и 13 асистенции. На ниво беше и Виктор Вембањама кој постигна 34 поени, надополнети со 18 скока и 7 асистенции.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Мајами – Вашингтон 152-136 и Филаделфија – Детроит 93-116.

Се вчитува...