Денвер на крилја на фантастичниот Никола Јокиќ и неговиот нов дабл-дабл учиник од 40 поени и 13 скокови успеа да направи целосен пресврт во полуфиналната серија од Западната конференција против Минесота со триумф и во третиот последователен натпревар.
Најдобриот кошаркар на Минесота, Ентони Едвардс по натпреварот одново не ги штедеше зборовите говорејќи за Србинот. 22-годишниот Американец овој пат ја насмеа јавноста велејќи дека и самиот тој може само да се смее на фантастичните настапи на центарот на Денвер.
„Можам само да се смеам, ништо друго. Не можам да бидам лут. Тој е МВП. Тој е најдобриот кошаркар во НБА. Го покажа тоа во последните три натпревари. Беше неверојатен вечерва. Дајте му почит. Не знам што можеме да направиме. Тој е тој“, изјави Едвардс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА