Никола Јокиќ успеа да стигне до уште едно неверојатно остварување, откако Србинот на дуелот со Орландо стана центар со најмногу асистенции во историјата на НБА-лигата.
На врвот на оваа листа долго време се наоѓаше Карим Абдул Џабар со 5.660 асистенции, бројка што Јокиќ успеа да ја надмине на дуелот на кој стигна до нов трипдл-дабл од 23 поени, 10 скокови и 13 асистенции.
„Секогаш велам дека ваквите работи се за да уживаш во нив откако ќе ја завршиш кариерата. Тогаш ќе се навратам кон минатото, ќе пијам пиво во куќата и ќе им раскажувам лаги на децата“, во свој стил коментираше неверојатниот Јокиќ по големиот рекорд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

