Јокиќ го предводеше Денвер до победа над Оклахома – Томпсон со одличен кам-бек по 941 ден во НБА (ВИДЕО)

Денвер Нагетс ја запиша својата втора победа во низа, откако го порази тимот на Оклахома со 99-95, па на овој начин се одмазди за поразот во декември. И на овој двобој доминираше Јокиќ со 22 поени и 18 скокови.

Србинот имаше помош во Остин Риверс, кој го одигра натпреварот на сезоната со 22 поени, Џеф Грин додаде 16 поени.

Денвер играше одлично на стартот, но како што одминуваше натпреварот така и растеше тензијата меѓу двете страни. Драмата се случи во финишот, гостите дојдоа на минус два поени, а Робинсон-Ерл пропушти напад за тројка, па на крајот победата припадна на Нагетс.

Кошаркарот на Голден Стејт Вориорс, Клеј Томпсон, забележа одличен кам-бек на терените по дури 941 ден и имаше завидувачки настап против Кливленд Кавалирс.

По повеќе од две и пол години, Томпсон се врати на теренот. Еден од најдобрите шутери во кошаркарската елита доживеа две исклучително тешки повреди кои од кошарката го оддалечија дури 31 месец.

За него, тие се минато. Томпсон покажа зошто важи за еден од најдобрите шутери во НБА-лигата и во кошот на кавси во победата од 96-82 постигна 17 поени (7/18 од поле, 3/8 за три) збогатени со три скока и една асистенција.

Останати резултати:

Вашингтон Визардс – Орландо 102:100

Торонто – Њу Ореланс 105:101

Минесота – Хјустон Рокитс 141:123

Денвер Нагетс – Оклахома 99:95

Далас Маверикс – Чикаго Булс 113:99

Голден Стејт Вориорс – Кливленд 96:82

Се вчитува...