Српскиот кошаркар и главен кандидат за МВП Никола Јокиќ, го оствари 25-тиот трипл-дабл во сезоната, а неговиот тим Денвер се врати на првата позиција на Западот.
Јокиќ за еден час нап аркетот уфрли 19 поени, 14 скока и 11 асистенции, а некои нив повторно беа спектакуларни и „испорачани“ преку целиот терен.
Squad got active tonight 🪣
Jamal: 16 PTS / 3 REB / 6 AST / 1 BLK
KCP: 24 PTS / 2 REB / 1 AST / 2 STL
Joker: 19 PTS / 14 REB / 11 AST / 2 STL
MPJ: 20 PTS / 3 REB / 2 AST / 1 STL
Reggie: 18 PTS / 3 3PM / 5 REB / 3 AST
P-Wat: 13 PTS / 6 REB / 2 AST / 5 BLK pic.twitter.com/IfVPFF6Hof— Denver Nuggets (@nuggets) April 7, 2024
Леброн со 24 и Расел со 28 поени, му донесоа победа на ЛА Лејкерс во дуелотсо Кливленд, и така го донесоа во зоната на плеј-офот. Ова беше 45-та победа за Лејкерси од почетокот на сезоната, и четврти триумф по ред, со што ја имаат во моментов најдобрата серија на Западот.
НБА, РЕЗУЛТАТИ
ЛА Лејкерс – Кливленд 116:97
Бруклин – Детроит 113:103
Мемфис – Филаделфија 96:116
Денвер – Атланта 142:110
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

