Јокиќ го урна шампионот, Бостон го освои Мајами (ВИДЕО)

Кошаркарите на Денвер Нагетс стигнаа до првата победа сезонава во НБА лигата откако синоќа славеа на гостувањето кај актуелниот шампион Голден Стејт Вориорс со 123-128.

Никола Јокиќ со трипл-дабл учинок од 26 поени, 12 скока и 10 асистенции беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените недоволни беа 34 поени на Стеф Кари.

Во дербито на источната конференција Бостон Селтикс славеа на гостувањето кај Мајами Хит со 104-111. Џејсон Тејтум и Џејлен Браун со 29 односно 28 поени беше најефикасни кај Селтикс, додека кај „жешките“ Талјер Хироу заврши со 25 поени.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Шарлот – Њу Орлеанс 112-124, Индијана – Сан Антонио 134-137, Вашингтон – Чикаго 102-100, Атланта – Орландо 108-98, Бруклин – Торонто 109-105, Њујорк – Детроит 130-106, Хјустон – Мемфис 122-129, Минесота – Јута 126-132 и Портланд – Феникс 113-111.

Се вчитува...