Најдобриот кошаркар на Денвер, Никола Јокиќ го предводеше својот тим до победа над Бостон од 103-84. Нагетс го искористија заморот на противничките кошаркари, кои играа против Феникс претходната вечер.
Не беше толку лесно како што сугерира резултатот. Натпреварот беше изедначен, Бостон дури беше и во водство во поголемиот дел од натпреварот. Клучна беше серија од 11 поени на Денвер на крајот од третата четвртина за водство од 77:67.
Гостите го положија оружјето во последната четвртина, дозволувајќи му на Денвер да обезбеди сигурен, изненадувачки убедлив триумф.
Никола Јокиќ имаше 30 поени, 12 скока и шест асистенции. Тим Хардавеј Џуниор го следеше со 14, додека Кам Џонсон и Јонас Валанчиунас имаа по 11 поени.
Кошаркарите на Милвоки во драматична завршница беа подобри од Кливленд од 118-116. Кавалирс имаа можност во последниот напад да се изборат за продолженија, но промашија, а потоа погодија, меѓутоа ќе се покаже дека кошаркарот не ја исфрли навреме топката во кошот.
Ален кај Кливленд беше најефикасен со 27 поени, додека кај Милвоки Портер постигна 20 поени.
НБА, РЕЗУЛТАТИ
Детроит – Оклахома 124-116
Мемфис – Голден Стејт 112-133
Торонто – Сан Антонио 107-110
Хјустон – Сакраменто 128-97
Милвоки – Кливленд 118-116
Денвер – Бостон 103-84
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

