Јокиќ го загуби МВП трофејот

Никола Јокиќ го предводеше Денвер во историски трофеј во НБА лигата, притоа освојувајќи ја и МВП наградата на најдоминантен можен начин предводејќи ја плејоф листата на постигнати поени, скокови и асистенции.

А, Србинот кој на кошарката гледа само како на работна обврска успеа и да го загуби МВП трофејот.

„Морам да ти кажам нешто. Досега направив неколку од овие финални МВП интервјуа, а ти си првиот кој дојде без трофеј. Каде е?“, го праша новинарката на ЕСПН, Малика Ендруз.

Откако се замисли, Јокиќ брзо одговори:

„Навистина не знам. Го оставив во собата на Спарки и го снема. Така да не знам, но се надевам дека може да стигне до мојата куќа“

На крајот трофејот беше пронајден кај економот на Денвер кој се одлучил да го сочува барем до парадата низ улиците на градот.

Се вчитува...