Јокиќ и Богдановиќ: НБА во Белград? Светот ќе види некоја друга страст за кошарка

Визијата на НБА лигата за ширење на најсилното кошаркарско првенство на „стариот континент“ може да донесе ревијален натпревар во главниот град на Србија каде силите ќе си ги одмерат Денвер Нагетс и Атланта Хокс во чии редови настапуваат репрезентативците Никола Јокиќ и Богдан Богдановиќ.

МВП-то на финалната серија претходната сезона и асот на Атланта ја коментираа оваа идеја велејќи дека доколку се случи тоа светот ќе види страст која ретко каде се гледа.

„Да, ако видите каква е атмосферата кога играат Црвена Звезда и Партизан… Кога би играле против Звезда или Партизан или пак ние од НБА кога би играле помеѓу себе, светот ќе биди една друга страст за кошарката“, изјави Јокиќ, а со него се сложи и Богдановиќ.

„Тешко е да се долови страста, но во нашата култура навистина длабоко се навива за својот тим“.

Се вчитува...