Со трипл-дабл партија, српскиот кошаркар Никола Јокиќ го порази тимот на Феникс, и го однесе својот Денвер до предност од 3-2 во серијата во западната конференција. Србинот одигра уште една одлична партија, а имаше поддршка и останатите играчи. Јокиќ на крајот мечот го заврши со 29 поени, 13 скока и 12 асистенции, а мечот беше решен во третата четвртина, која Денвер ја заврши со 39-25.
Исто така за оваа победа заслуга има и одличното отворање на мечот од страна на Денвер. Во втората четвртина имаше неверојатен пад на домашните, па на полувремето разликата беше само три поени. На крајот победата беше со 16 разлика односно 118-102.
Шестиот натпревар, кој може да биде и последен се игра во Аризона во четврток кон петок во 4 часот по македонско време.
И Филаделфија се стекна со предност од 3-2 во дуелот со Бостон по победата од 115-103, па се на добар пат да го повторат успехот од 2000/2001 година кога предводени од тогашната легенда Ален Ајверсон, играа во конференциско финале.
Сиксерс доминираа во целиот меч, а во последната четвртина во која гостите во еден момент водеа и со 21 разлика, се слушаа свирежи од навивачите на Бостон. Најдобар беше Џоел Ембид со 33 поени, 7 скока и 3 асистенции.
Сега тимот на Филаделфија е на добар пат да се реваншира на Бостон за минатата сезона, кога Селтикс со „метла“ го елиминираа тимот на Филаделфија. Следниот меч е четврток кон петок во 1:30 часот по македонско време.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

