Јокиќ и Денвер преку драмата со Јута до полуфинале на Запад (ВИДЕО)

Денвер ќе се соочи со Лос Анџелес Клиперс во полуфиналето на Западната конференција откако серијата со Јута од првото коло на плеј-офот ја доби со 4-3 по драматичната седма пресметка во која славеше со 80-78. Никола Јокиќ го постигна победничкиот кош за Денвер, а потоа во мешаницата во последните моменти од средбата Јута преку Мајкл Конли не успеа да погоди тројка. Јокиќ постигна вкупно 30 поени, а имаше и 14 скока.

Со тоа Денвер на најдраматичен начин ја доби серијата која имаше крајно неизвесен тек, а во која Јута имаше предност и од 3-1 во триумфи. Денвер е еден од ретките клубови во НБА историјата кој успеал да надомести негатива од 3-1 во победи во разигрувањето. Претходно само на 11 тима им успеал ваквиот подвиг.

Бостон има големи 2-0 против актуелниот шампион, Торонто. „Селтикс“ го добија и вториот натпревар од полуфиналето на Источната конференција и две победи ги делат од пласман во конференциското финале. Во натпреварот број два од серијата, Бостон славеше со 102-99 најмногу благодарение на Маркус Смарт кој на почетокот од последната четвртина погоди пет тројки по ред и го предводеше тимот до пресврт и на Џејсон Тејтум кој постигна 34 поени. Третиот натпревар е закажан за по два дена.

 

Се вчитува...