Комесарот на НБА лигата Адам Силвер е во Абу Даби каде пријателски меч играа последните два шампиони во НБА лигата, Бостон селтикс и Денвер нагетс. Тој пред насобраните медиуми зборуваше за многу теми, а се осврна и на следните „гостувања“ на најдобрата лига на светот.
Најинтересно за љубителите на кошарката од регионот е што кажа Силвер за потенцијалната организација на НБА натпреварите во Србија и Словенија.
„Би сакал да кажам дека Никола Јокиќ и Лука Дончиќ прашаа дали НБА може да дојде во Србија или Словенија. Тоа е многу тешко, би рекол. Организирањето на овие настани е многу тешко кога се во прашање ресурсите и се поставува прашањето за економска смисла. Места каде постои такво чувство се Мексико Сити, Париз, Абу Даби…“, изјави Адам Силвер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА