Олстар-викенд: Дончиќ и Јокиќ стартери крај Леброн, Кари…

Празникот на кошарката во кој ќе се сретнат „Истокот“ и „Западот“ на 7. март ќе биде побогат со две балкански имиња откако НБА лигата ги објави почетните петроки за Олстар средбата во кои се најдоа Никола Јокиќ и Лука Дончиќ.

Дресот на „Западот“ покрај Србинот и Словенецот ќе го носат уште Леброн Џејмс, Каваи Ленард и Стеф Кари, додека „Истокот“ ќе го бранат Бредли Бил, Јанис Адетокумпо, Џоел Ембид, Кајри Ирвинг и Кевин Дурент.

Јокиќ, Дончиќ, Леброн, Кари, Ирвинг, Дурент и останатите „асови“, списокот од соиграчи кои средбата ќе ја започнат од клупата ќе го дознаат на 23. февруари.

 

Се вчитува...