Три победи на домашните екипи во синоќешните натпревари од разигрувањето во НБА лигата.
Денвер предводен од Никола Јокиќ, кој пред почетокот беше под знак прашалник за настап поради полесна повреда на зглобот на десната рака, славеше против Минесота со 122-113, со што сега има предност од 2-0 во серијата.
Јокиќ мечот го заврши со 27 поени, девет скока и девет асистенции. Актуелниот МВП не беше најефикасен во победничкиот тим, бидејќи Џамал Мареј беше многу добро расположен со 40 поени, дополнети и со пет асистенции.
Покрај Мареј и Јокиќ, двоцифрени кај Денвер беа Портер со 16 поени, Гордон со 12 и Џеф Грин со 11 поени. Во поразениот тим се истакна Ентони Едвардс со 41 поен.
Мемфис со 103-93 триумфираше против ЛА Лејкерс и изедначи на 1-1 пред преселбата на серијата во Калифорнија.
Мемфис беше многу мотивиран, првата четвртина против Лејкерс ја доби со 30-19, а во тој период експресно постигнаа и седум поени за помалку од 10 секунди.
GRIZZLIES SCORE 7 POINTS IN :10 SECONDS. WILD SEQUENCE 🤯 pic.twitter.com/HZodoreV99
— Bleacher Report (@BleacherReport) April 19, 2023
Милвоки без Јанис Адетокумбо, славеше над Мајами хит со 138-122, и израмни на 1-1, после киксот на првиот дуел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

