Јокиќ и со „половина гас“ до трипл-дабл

Никола Јокиќ стигна до нов трипл-дабл, и тоа во меч во кој српскиот центар остана во споредна улога оставајќи го Џамал Мареј да доминира и да му ја донесе побеата на Денвер на гостувањето против Далас (99-118). Мареј го одигра својот најдобар натпревар во последните две години постигнувајќи 45 поени, а Денвер целата работа ја заврши уште во првото полувреме во кое гостите поведоа со 45-71.

Поради големото водство Јокиќ имаше помала минутажа од вообичаено, но Србинот сепак успеа да стигне до трипл дабл од 10 поени, 14 скокови и 10 асистенции. Во таборот на Далас се повеќе се чувствува неиграњето на Дончиќ, најефикасен кај домашниот тим беше Гафорд со 13 поени, пред Кајри Ирвинг со 11.

Оклахома Сити стигна до уште една голема гостинска победа, рутински триумфирајќи во Филаделфија со 102-118. Гилџус Александер повторно беше човек на одлука постигнувајќи 32 поени и 9 асистенции за победничиот тим.

Милвоки на домашен терен беше подобар од Сакраменто (130-115), дуел во кој во главна улога беше Адетокумбо со 33 поени, 11 скокови и 13 асистенции.

Резултати НБА:

Индијана – Кливленд 117-127, Филаделфија – Оклахома сити 102-118, Атланта – Феникс 122-117, Чикаго – Њу Орлеанс 113-119, Милвоки – Сакраменто 130-115, Далас – Денвер 99-118, Портланд – Бруклин 114-132.

Се вчитува...