Јокиќ има очи и на грбот, ова е асистенција на сезоната во НБА (видео)

Никола Јокиќ одигра уште еден импресивен меч за Денвер, предводејќи го својот тим до победа над Милвоки бакс. Србинот забележа уште еден трипл-дабл, со импресивни 39 поени, 10 скокови и 10 асистенции, но потегот на мечот му беше додавањето во второто полувреме со кое ги остави шокирани противничките кошаркари.

Јокиќ тргна на влез, пред него беа Кузма и Лопез, но одличниот центар тогаш маестрално, преку себе ја додаде топката до осамиот соиграч по што следеше лесно забивање.

Кошаркатата дефинитивно делува како наједноставен спорт во светот кога го гледате Никола Јокиќ како се забавува на теренот…

Се вчитува...