Јокиќ има трипл-дабл и кога не е во ритам

Никола Јокиќ доминира дури и кога не е во најпосакуваниот ритам, тоа на своја кожа го почувствуваа и кошаркарите на Јута кои беа поразени на домашен терен со 117-130.

Српскиот центар упати само два шута во првото полувреме, речиси и да не играше во последната четвртина, но и во таков развој на настаните Јокиќ стигна до трипл-дабл, реализираше 15 поени, 17 скокови и 12 асистенци што е негов петти трипл-дабл во последните шест меча, вкупно 196. во кариерата. Србинот сега има само 13 вакви остварувања помалку од рекордерот Расел Вестбрук, па реално е да се очекува да стане апсолутен рекордер на стартот од следната сезона.

Виктор Вембињама продолжува  со фантастичните изданија, предводејќи го Сан Антонио до уште една победа, овојпат на гостувањето против Голден Стејт со 113-127. Францускиот центар беше незапирлив со 41 поен и 18 скокови, а Сан Антонио ја продолжува трката со Оклахома Сити за првото место во Западната конференција (спарси во моментов заостануваат две победи зад актуелниот шампион).

Филаделфија одигра исклучителен офанзивен меч реализирајќи 153 поени на гостувањето против Вашингтон (131-153). Пол Џорџ беше најефикасен со 39 поени, додека Макси го заврши мечот со 28 поени и 9 асистенции за Филаделфија.

Резултати НБА:

Орландо – Атланта 101-130, Вашингтон – Филаделфија 131-153, Мајами – Бостон 129-147, Чикаго – Индијана 126-145, Хјустон – Милвоки 119-113, Мемфис – Њуорк 119-130, Торонто – Сакраменто 115-123, Јута – Денвер 117-130, Голден Стејт – Сан Антонио 113-127.

Се вчитува...