Никола Јокиќ ја воодушеви Америка со неверојатните игри и фактот дека Денвер стигна до финалето на НБА благодарение на неговата енергија и перформанси.
Американските медиуми пишуваат текстови и анализи, а прават и емисии посветени на Никола Јокиќ. Голем број јавни личности во САД едноставно се тркаат да добијат грам слава кажувајќи нешто за Никола Јокиќ.
Истото го направи и Лиза Ен, позната американска актерка од филмовите за возрасни. Лиза Ен која сними преку 450 филмови во порно индустријата е позната како голем љубител и вљубеник во кошарката.
„Никој од нас не веруваше дека серијата ќе заврши толку брзо. Тоа е малку чудно и бизарно. Кога Лејекрес беше на 0-3, мислев што прават. И сега Нагетс имаат девет дена за одмор, што исто така ќе им помогне во финалето“, изјави Ен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

