Никола Јокиќ со 40 поени, 13 асистенции и седум скокови без загубена топка беше брилијантен во победата на Денвер со 112-97, и за првпат го доведе во водство својот тим во серијата против Минесота.
Пред самиот меч Јокиќ го доби третото МВП признание во НБА, а на прес-конференцијата по мечот искажа колку тоа му значи.
„Љубовта од публиката, соиграчите и тренерот е моемнтот на кој ќе се сеќавам цел живот“, рече Јокиќ.
На прашањето за забивањата на третиот и петтиот натпревар, Јокиќ одговори:
„Имав отворен пат. Јас сум чудо на природата. Зошто да не ги покажам моите атлетски способности“, изјави Јокиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА