Јокиќ: Кога е парадата, во четврток? Нели требаше да сум во Србија тогаш…

Никола Јокиќ стигна до првата титула во Нба лигата откако со неговиот Денвер Нагетс славеше во финалната серија против Мајами Хит со 4-1.

Српскиот кошаркар и повеќе од заслужено беше избран за најкорисен кошаркар во финалната серија, но неговата пресконференција по завршувањето на мечот е вистинско хит.

„Кога е парадата?“, праша Јокиќ, кој тогаш се сети дека мора да се појави на прославата.

Лицето одговорно за односи со јавностa на Нагетс му рече: „В четврток“.

Тогаш следуваше хит реакцијата на популарниот Џокер.

„О, нее. Требаше в четврток да бидам дома“, рече Србинот.

Се вчитува...