Денвер Нагетс на одличен начин го отвори потпишувањето на кошаркари со трејдот на Мајкл Портер Џуниор и првиот пик на изборот во 2032 за Кам Џонсон.
Нагетс заштедија околу 40 милиони долари (земајќи ги во предвид данокот на луксуз и пеналите што би ги платиле за надминување на буџетот) со овој трејд.
Со испраќање на Портер во Бруклин, Денвер се тргна од луксузната даночна зона, што отвора простор за повеќе потенцијални потписи.
Исто така доскооршниот кошаркар на Њу Орлеанс, Брус Браун, потпиша едногодишен договор со Денвер.
Браун (28) на тој начин се врати во Нагетс, со кои ја освои титулата шампион на американската професионална кошаркарска лига (НБА) во 2023 година.
Во неодамна завршената сезона покрај за Пеликанс настапуваше и за Торонто, а имаше просек од 8,3 поени, четири скока и две асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

