Никола Јокиќ веднаш по враќањето во САД за првпат прозборе за деновите минати во изолација поради коронавирусот.
„Бев навистина изненаден од резултатот. Немав никакви симптоми, а дојдоа резултатите дека сум позитивен на Ковид-19. Но, за среќа минав без посериозни здравствени проблеми и не ослабев многу. Сега сето тоа е зад мене и подготвен го чекам продолжението од сезоната“ – вели Јокиќ.
Денвер, токму под водство на Јокиќ, до крајот на сезоната планира сериозна битка со ЛА Лејкерс за првото место во Западната конференција.
„Да, се стремиме кон најдоброто. Некои очекуваат дека нема да бидам во посакуваната форма. Не знам. Ќе видиме. Можеби ќе ги изненадам сите“ – истакнува Јокиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА