Српскиот кошаркар Никола Јокиќ и сезонава игра неверојатно во дресот на Денвер Нагетс. Тој е вистинска трипл-дабл машина и готово да нема натпревар на кој не стига до таков учинок. Голема подршка тој има од своите соиграчи, а Вил Бартон изјави дека доколку тој сака може да биде најдобар во лигата.
„Излези и освој ја МВП наградата. Можеш да бидеш најдобар во светот ако тоа го сакаш. Се е до него. Немам што повеќе да кажам“ изјави Бартон.
Јокиќ сезонава е на трипл-дабл просек. Просечно по натпревар уфрла по 24,1 поен, а има и 11,9 асистенции и 11,7 скока.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

