Јокиќ: Најсреќен сум кога ја гледам ќерка ми како се смее како луда, тоа не се купува со пари

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ во разговор за американските медиуми на Ол-стар натпреварот во НБА лигата говореше на повеќе теми, а доби и интересно прашање – што го прави најсреќен во животот?

За еден од најдобрите кошаркари на денешницата тоа е семејството и времето поминато со неговата ќерка. Како што вели Јокиќ, тоа е нешто што не се купува со пари.

„Тоа мора да е семејстовто и работите што ги правам надвор од кошарката. Да ја слушам мојата ќерка како се смее како луда, тоа го тоа што го сакам. Тоа е нешто што не можеш да го купиш, тоа е нешто чисто, нешто поголемо од кошаркарта. Благодарен сум и на кошаркарта и тоа што ми даде неверојатен живот. Живееме во фантастичен град и се тоа, но семејството е нешто што е како сидро и не држи сите заедно“, изјави Јокиќ.

Се вчитува...